КРЕИРАМ ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦИ ОД НУЛА

ДРОПШИПИНГ ОД МАКЕДОНИЈА

Здраво, јас сум Марио👋

марио јанески, дигитален маркетер

Имам 26 години, и сум дипломиран професор по физичко образование, спорт и здравје и речиси  цел живот сум го посветил на спортот. 

Иако по логика требаше да завршам по спортски сали, училишта и фудбалски терени, животот ме однесе во друг правец. Наместо да чекам некој да ми даде работа што (веројатно) си ја заслужив со диплома и просек 9.0 – решив да пробам да работам нешто за кое што не е потребнна партиска книшка.

Како завршив во светот e-commerce?

Па... искрено, сосема случајно. Првпат слушнав за онлајн продажби додека бев уште студент и не знаев ни што точно значи тоа, ни како функционира. Единствено што знаев е дека не сакам да зависам од тоа дали некој ќе ме вработи.

Во почетокот беше само обид за додатен приход или нешто што ќе ми помогне покрај факултетот. Но колку повеќе навлегував, толку повеќе сфаќав дека ова може да биде сериозна работа.

Моментот кога сфатив дека ова е навистина за мене.

Кога дипломирав на факултет со просек 9.0, нормално е да очекуваш дека барем ќе добиеш прилика да го работиш она за кое што си учел. 

И нормално бев одбиен од причина која сигурно нема да ве изненади. Не бев член на партијата што била на власт. Тоа што сум вложил 4-5 години од животот на високо образование, живеење надвор дома, еден куп трошоци за кирија, студирање, многу труд - пропадна во вода. 

И вистината е...

Во било кој друг контекст, ако вложиш толку многу време, пари, труд и енергија во нешто што на крајот не ти дава ништо за возврат, се нарекува scam.

 

И баш во тој момент си ветив нешто:

Дека никогаш нема да чекам да зависам од некои неписмени штаботомци  и дека сам ќе си ја креирам судбината.
 

Одлучив дека ќе работам нешто што ќе ми донесе вистинска слобода - не само финансиска, туку и ментална, духовна, животна.


Осум години подоцна 


Осум години подоцна, и безброј успешни и неуспешни онлајн продавници позади мене. Соработка со врвни брендови кои остваруваат милионски промети, што ми помогна да стекнам доволно искуство да создавам и сам успешни брендови.

Што е дропшишинг?

Дропшипинг е еден од наједноставните начини за да започнеш сопствен онлајн бизнис без да имаш производи, магацин или логистика. Ти само ја водиш онлајн продавницата и рекламирањето. Кога некој ќе купи, нарачката оди директно кај добавувачот, кој го праќа производот до клиентот.

Зошто е добар избор?

Не ти треба почетен капитал

Флексибилно е – можеш да работиш од било каде

Учиш маркетинг, продажба, брендирање и психологија на купувач

Не носиш залиха и немаш магацински трошоци

Сè е автоматизирано, дури и логистиката

Дропшипинг

Без магацин

Работиш од каде сакаш

Мала поечетна инвестиција

Целосна автоматизација

Можност за скалирање

Класичен бизнис

Магацин и залиха

Врзан си со физичка локација

Голема инвестиција

Мораш да си присутен

Ограничен на локално ниво